Специјалниот косовски суд во Хаг го осуди Пјетр Шаља, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на 18 години затвор за воени злосторства.
Тој беше прогласен за виновен за произволно приведување и тортура на најмалку 18 лица и незаконско убиство на едно лице на или околу датумот 5 јуни 1999 година во фабрика за метал во Кукеш, Албанија.
Судијката Мапи Велт-Фоља рече дека поранешната фабрика за метал во Кукеш ја користела ОВК – во периодот од мај 1998 до јуни 1999 година – за, меѓу другото, регрутирање и логистика.
Таа рече дека судот добил веродостојни докази дека овој објект бил користен за приведување, испрашување и малтретирање лица осомничени дека соработувале или сочувствуваат со српските власти или дека не ги поддржувале доволно напорите на ОВК.
„Саља учествувал во трансферот под стража на еден од приведените во фабриката, учествувал во испрашувањето и малтретирањето на приведените, заедно со други припадници на ОВК. Шаља прв удрил некои од приведените. Еден од приведените изјавил дека Шаља го претепал со бејзбол палка и го обвинила дека е шпион“, рече судијката.
Според судот, Шаља имал намера да изврши убиство.
Бројот на приведените не е познат, но се проценува дека имало околу 40 лица, меѓу кои и три жени, рече судијката.
„Судското тело идентификуваше 18 лица. Од прва рака слушна сведоштво за трауматските настани што ги доживеаја за време на нивното затворање во оваа фабрика и влијанието што овие настани го имаа врз нивните животи и врз нивните семејства“, рече таа.
Извор: Радио слободна Европа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.