Бојан Рашовиќ е уапсен под сомнение дека ја убил поранешната сопруга Бранка Петровиќ, а како што тврди црногорскиот „Дан“, Бојан е поранешен фудбалер на Црвена звезда.

Во Херцег Нови утрово околу 6 часот во Ул. „Бригада Бокеске“, Б.Р. (47) од огнено оружје ја убил поранешната сопруга Б.П. (47), дознава порталот „Ден“ од ОКЦ.

Осомничениот е лишен од слобода, потврдија од ОКЦ за Црногорскиот „Ден“.

Според црногорските медиуми, осомничениот по делото и се предал на полицијата, а истрагата е во тек.

Според информациите на порталот „Ден“, убиена е Бранка Петровиќ, претседателката на месната заедница Херцег Нови. Наводно во неа пукал нејзиниот поранешен сопруг Бојан Рашовиќ, кој и се предал на полицијата.

Како што неофицијално дознава „Ден“, тие двајца не биле официјално во брак и немаат заеднички деца.

Инаку, Бојан Рашовиќ порано беше успешен фудбалер. Извесен период играше за Црвена ѕвезда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.