Поранешниот градоначалник на албанскиот град Вора, во близина на Тирана, Агим Кајмаку, е уапсен од италијанската полиција под обвинение за производство и продажба на дрога.
Кајмаку е уапсен на 27 мај, откако кај него пронајдени се 20 килограми кокаин во Дан Бенедето дел Тронто, а бил заедно со својот внук. Запленетата дрога на пазарот достигнува вредност од милион евра, пренесува Топ чанел.
Пред да биде избран за градначалник, од редовите на социјалистите, се заминавал со одледување садници, семе и откуп на старо железо.
За градоначалник беше избран на локалните избори на 30 јуни 2019 година, а во ноември истата година, во отсуство, Судот во Тирана му одреди мерка притвор, од обвинение за фалсификување службени документи.
Централната изборна комисија му го одзеде мандатот по обвинувањата на опозициската Демократска партија за прикривање на неговото криминално минато во Грција, каде што бил апсен, обвинет и осуден во отсуство, под идентитет Јорго Тота, за употреба на фалсификувани банкноти. Додека се чекаше одговор од грчките власти, тој побегна од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.