Помладата сестра на убиецот Коста Кецмановиќ (13) оди во истото основно училиште каде нејзиниот брат вчера почна да пука. Таа била во училница многу блиску до онаа во која тој уби пет деца.

Според српските медиуми, десетгодишното девојче во придружба на психолози и социјални работници било префрлено кај блиски роднини, каде што ќе престојува во следните неколку дена.

Таткото, како сопственик на оружјето со кое е извршен масакрот, е уапсен и приведен, а мајката вчера цел ден била во полиција на распит, по наредба на обвинителството.

Девојчето е во многу тешка состојба, не престанува да плаче, била на училиште кога се случило сè и знае сè… Префрлена е во семејството на блиски роднини каде ќе остане некое време. Обезбедена ѝ е стручна поддршка од психолози, педагози и лекари, соопштиле од надлежната социјална служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.