Претседателот на Србија Александар Вучиќ во синоќешната емисија „хит твит“ го опиша најтешкиот ден.Тој се случил непосредно по смртта на поранешната сопруга Ксенија кога неговиот син посакал да оди во Грачаница на Косово.

Со Данило биле и неколкумина луѓе од обезбедувањето на Вучиќ кога ги застанала косовската полиција.

Им впериле пиштоли и пушки и побарале од Данило да ја соблече маицата „Предавањето не е опција“ но тој одбил.

Обезбедувањето веднаш му се јавиле на Вучиќ што да прават.

Јас им кажав само да го донесат жив до граница.Јас како пртеседател и татко не можев ништо да сторам.Знаев дека тоа е дело на Курти со кого морам да се среќавам-рече Вучиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.