Познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ почина денеска во 52 година од животот во КБЦ Бежаниска коса во Белград.
Саша во текот на својата долгогодишна кариера соработувал со бројни познати личности од јавната сцена, пејачи, актери, водители, спортисти…
Инаку лично ги осмислил и креирал дресовите за српските спортисти за Олимпијадата во Лондон, а ги направил и дресовите за српската фудбалска репрезентација за Светксото првенство одржано во Русија. Бил основач на модната марка Броз. Соработувал со Цеца, Сека Алексиќ, Дара Бубамара и други бројни познати музички ѕвезди.
Роден е 1971 во селото Млака во Хрватска. Живеел едно време во Бања Лука, за потоа да се пресели кај вујко му во Белград, кога избегал од војната во Босна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.