По рутинска операција ,која била извршена во понеделникот на 29 август, бебе почина во Медицинскиот центар во Тузла, пренесува босански „Аваз“.

Веднаш по операцијата и по преземени мерки за реанимација, почина малолетна пациентка, родена 2022 година, изјавија од Универзитетската болница Тузла.

Според информациите на тамошните медиуми, бебето починало по рутинска операција на непцето.

Формиран е тим кој ќе ги утврдува околностите на сите спроведени процедури при лекувањето на малата пациентка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.