Земјотресот со јачина од 5,4 степени што утрово се случи во Јонското Море предизвика одрон на земјиште и пад на карпи на популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, по што, според грчките медиуми, бил донесена одлука плажата да се затвори за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што пишуваат локалните медиуми по земјотресот, големи делови од карпи се паднале во морето, за среќа без да се оштетат чамците и бродовите што во тој момент поминувале или биле во близина, а крајбрежната служба од Закинтос го забранила пристигнувањето по морски пат на посетителите на плажата, како и пристапот на туристите во делот над плажата поради страв од нови одрони.
Земјотресот беше регистриран кусо по 10.30 часот утрово во Јонското Море, западно од островите Кефалонија и Закинтос.
Во Министерството за туризам на Грција денеска бил одржан планиран состанок за ажурирање на безбедносните мерки на плажата „Навагио“ и повторно била донесена препорака за „строга контрола на пристапот на посетителите само до дозволените зони дефинирани во соодветната научна студија со паралелно почитување на максималниот број посетители, со цел капачите да бидат на безбедно растојание од карпите“.
Додаваат дека се во очекување на одлуките на надлежните органи и цивилната заштита за ажурирање на мерките за безбедност на посетителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.