По осум дена пронајдено телото на момчето Н.В (13) кое го однесоа брановите додека шеташе со пријател покрај морето во Херцег Нови.

Телото на момчето е најдено под тврдината Форт Оштра на истоимениот “рт, на западната страна на влезот во Бока, јавуваат црногорските медиуми.

Во редакцијата на „Вијести“ (“Vijesti”) стигнала неофицијална информација дека спасувачите добиле информација дека во морето во близина на тој “рт е забележано безживотно тело, екипите веднаш се упатиле на локацијата која се наоѓа во територијалните води на Хрватска. Пронаоѓањето на телото на момчето го потврдил Митар Тадиќ, водител на криминалистичкиот Центар за безбедност на Херцег Нови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.