Хакерите на иранската група „Татковинска правда“, кои минатиот месец ја нападнаа компанијата „One Albania“, сега ги објавија на продажба податоците на Албанците, јавија албанските медиуми.
Во објава на својот профил на платформата „Телеграм“ хакерите наведуваат дека имаат 259 терабајти албански податоци кои ги продаваат за 1 биткоин или 40. 000 евра.
– Оној што ги угнетува сиромашните за да си го зголеми богатството и тој што им дава подароци на богатите, обајцата осиромашуваат.
Челниците на компанијата „ One Albania “ деноноќно соработуваа со медиумите за да ја скријат колосалната штета што ја предизвикавме со нарушување на приватноста на претплатниците на оваа телефонска компанија, наведуваат во пораката хакерите.
Според медиумите, пред пет дена во друга порака хакерите потврдуваат дека ги украле и податоците на мобилната компанија Eaglemobile.al, денес дел од One Albania, што „покажува дека податоците на Албанците се загрозени, но досега државата нема преземено никакви мерки“.
Освен мобилната „One Albania“, хакерите ја нападнаа и воздухопловната компанија „Ер Албанија“, албанскиот Парламент, Управата за јавни приходи, Албанската државна висока контрола, како и Националната агенција за информатичко општество, која на 27 минатиот месец преку соопштение ја информираше јавноста дека „земјата е под масовни кибернапади, но податоците се безбедни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.