Познатиот српски криминолог Добривоје Радовановиќ даде свое видување за бруталната ликвидација во Паг.

Врз основа на долгогодишното искуство, Радовановиќ смета дека ликвидацијата ја извршил изнајмен убиец кој извесно време ја следел жртвата.

– Чекаше погоден момент да се ликвидира. Јас сум на мислење дека убиството го извршил изнајмен убиец. Само тие се враќаат да проверат дали целта е мртва. Ова е јасно видливо во ова видео. Човекот бега само кога е сигурен дека работата е добро завршена – објаснува Радовановиќ и напоменува дека убиецот ќе биде платен само ако целта е мртва.

Според него, убиецот најверојатно не знае кој е нарачателот на убиството.

 Ако се работи за „голема“ цел, таа бројка може да се движи меѓу 50.000 и 70.000 евра – објаснува Радовановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.