Драган Микиќ (47) од Белград член на групата „Пинк Пантер“ е осуден на една година и два месеци затвор под сомнение дека со туѓи документи извадил лична карта и патна исправа на туѓо име.

Потоа со лажен идентитет на друго место се обидел да извади лични документи на име на трето лице. Но, полициските службеници утврдиле дека се работи за фалсификувани документи.

Исто така, постои сомневање дека со лажен идентитет го убедил јавниот обвинител, согласно начелото на можност да издаде наредба за исплата на пари за хуманитарни цели во име на друго лице.

Микиќ пред една година во Сремски Карловци извадил документи на име С.З  а кога му биле потребни нови документи. Но, отпечатоците од прстите не се поклопиле, што на полицијата и било сомнително, па тој бил уапсен.

Драган Микиќ учествувал во големиот грабеж на златарница во Франција како член на меѓународната криминална група „Пинк Пантер“ поради што бил уапсен во јануари 2003 година и осуден во отсуство на 15 години затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.