Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ утринава изјави дека Србите не смеат да „паѓаат на провокации“ и дека мора да ги почитуваат КФОР и ЕУЛЕКС кои се должни да ги штитат на Косово и Метохија.

Релативно е мирно, но ситуацијата е напната до степен на вжареност поради (косовскиот премиер Албин) Курти, кој сака да се справи со српскиот народ на Косово и Метохија“, вели Петковиќ за РТС.

Тој повтори дека Србите подигнале барикади поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, нагласувајќи дека е уапсен невин човек, кој бил затворен „кој знае каде, без причина“.

Станува збор за кршење на човековите права на Србите на Косово и Метохија. Србите на барикадите сакаат да го бранат Бриселскиот договор, бидејќи Курти не почитува ниту еден договор. Србите се понижувани и секојдневно го трпат насилството на Курти, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.