Српскиот директор на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ и’ се обрати на јавноста на вонредна прес-конференција поради полицијата во северно Косово.

Како што предупредувавме, Курти продолжи со незаконски и насилни акции насочени кон окупација на северно Косово. Откако заплени вино и ракија и го нападна семејството Петровиќ и откако ги малтретираше нашите деца во Лепосавиќ“, рече тој.

Околу 300, 350 полицајци, облечени во панцири и припадници на РОСУ со целосна воена опрема и оклопни возила го нападнаа северот на Косово… Потоа се разделија и ја блокираа цела Косовска Митровица, а беа стационирани во мешаните населби од северниот дел на Косовска Митровица“, рече Петковиќ.

„Ќе повторам, особено за оние од Западот, дека албанската полиција од југ изврши инвазија на северот на Косово, иако тоа е спротивно на договорот од Брисел. Сите го знаат тоа многу добро и сите се прават луди и му дозволуваат на Курти да презема такви акции.

„Сега имајќи предвид дека Курти сака да предизвика насилство и да ги протера Србите од Косово и Метохија, Белград ќе размисли за враќање на 1.000 наши безбедносни сили на Косово и Метохија според резолуцијата 1244“, рече Петковиќ на вонредната конференција.

„По оваа незаконска постапка на Курти ќе има промени за кои ќе зборува претседателот на Србија“, рече тој и додаде дека Вучиќ во наредните денови ќе има средби и за тоа ќе ја информира јавноста.

Тој потсети дека Вучиќ постојано повторувал оти нема да има нов погром или бура и дека Србија нема да дозволи нејзиниот народ да страда.

„Не сме ние тие што не сакаме нормализација на односите, но Аљбин Курти сето тоа го прави затоа што некој му дозволува“, рече Петковиќ.

„Нека внимаваат на Запад, особено оние кои се ментори на независноста на Косово, да не бидат изненадени од одлуките на Белград, бидејќи не сме ние тие што го провоциравме и го прекршивме Бриселскиот договор, туку сето тоа го прави Албин Курти и очигледно некој му дозволува“, рече Петковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.