По вчерашните изјави од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски дека Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, со реакција се јави и претседателот на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов.
Во објавата на ФБ тој напиша дека претседателот Пендаровски ќе одговара за неговиот неонацизам.
Претседателот на Македонија Стево Пендаровски ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе го разбере!, вели Стојанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.