Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), Порфирије нареди преку епархијата Захум-Херцеговина да се испрати еднократна помош во износ од 100.000 евра, за семејствата кои се најзагрозени од поплавите во Босна и Херцеговина.

Помошта ќе се дели без разлика на која вера се и на која нација припаѓаат“, се вели во соопштението на службата за информирање на СПЦ.

Патријархот Порфорие, кој се наоѓа во Канада, упати апел до сите народи на Балканот, особено во Босна и Херцеговина, во овие тешки денови да „покажат меѓусебна солидарност, бидејќи сите си требаме еден со друг“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека Србија е подготвена во истата секунда да и помогне на Босна и Херцеговина доколку сакаат и сметаат дека Србија може да помогне.

„Изразувам сочувство до семејствата на жртвите во БиХ. Секаква помош ако сакаат и ако мислат дека можеме да помогнеме, ние сме подготвени да го направиме тоа во истата секунда. Во хеликоптери во чамци во секој вид поддршка и ако мислат дека можеме да помогнеме, вклучително и финансиска, се што е потребно, доволно е да кажат и ние ќе помогнеме“, рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.