Шпанските власти го уапсија Харедин Фејзула, 59-годишен Албанец од Косово и Метохија, кој белгиските власти го осудија на 29 години затвор поради одгледување и продавање дрога.

Акцијата на шпанската национална полиција доведе до апсење на 10 лица во мадридската населба Карабанчел, меѓу кои и Харедин Фејзула, обвинет за водење на клан со седиште во Белгија.

Групата тргувала со канабис од кој собрала богатство од повеќе од четири милиони евра.

Тој беше осуден на 29 години затвор во Брисел во 2022 година, но по изрекувањето на пресудата избега, а го бараше и Европол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.