Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ продава пропаднати фирми и вредна земја во Србија за руските тајкуни.
Последен во низата од овие потфати е купувањето на поранешниот индустриски гигант „Нова ливница“ во Нов Белград, кој на почетокот на август беше продаден за 43 милиони евра. Кариќ неодамна го купи и „Навип“ од Земун, како и зградата на Универзитетот Мегатренд на крајот на јули годинава.
– Познато е дека на Кариќ во последно време не му оди најдобро кога станува збор за бизнисот, па веднаш е сомнително од каде му се парите да се натпреварува на аукции и да не прашува што чини. Единствената можна причина е тоа што се занимава со туѓи пари -пишува „српски Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.