Проф Др. Миљко Ристиќ, познатиот српски кардиохирург, бил во операциона сала кога го донеле тешко ранетиот Ѓинѓиќ и  се обидел да му го спаси животот,

Тоа е настан кој никогаш не можам да го заборавам. Секогаш се прашував зошто е извршен атентат, односно кој му пречи на тој човек. Мислам дека се во прашање меѓународните интереси.

Приказната ја продолжи со детали за самата рана, како и чаурите.

 

– Можеше да се реши хируршки, сепак, забележавме дека нешто не е во ред. Решивме да го отвориме стомакот и излезе огромна количина крв. Црниот дроб беше разнесен на илјада парчиња

– Влезната рана беше на десната страна на градниот кош, а излезната на левата страна на градниот кош малку пониско. Затоа, куршумот бил испратен од височина бидејќи немал хоризонтална патека. За мене е дилема дали премиерот влегол со глава кон вратата од владината зграда или со грб. Не е логично. Ако влегол со главата кон вратата, под тие околности, невозможно е истрелот да бил од сомнителната улица, но куршумот да дојде од тотално спротивен правец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.