Апсењето на Дарко Шариќ во неговата величествена вила во Белград, под сомнение дека е на чело на криминална организација осомничена за извршување најтешки кривични дела, повторно во јавноста изнесе детали од неговиот живот. Според последните неофицијални информации, Шариќ со текот на времето ги менувал своите соработници, но за сето тоа време и останал верен на сопругата Лана Поповиќ.

Специјалните единици на српската полиција во четвртокот наутро извршија рација во вилата на Шариќ . Токму во прекрасна зграда опкружена со високи ѕидови, со приватно обезбедување и огромен број безбедносни камери кои будно ја следат секоја педа од улицата, Шариќ живеел со семејството – сопругата Лана и децата.

Љубовната врска на Шариќ и Поповиќ трае повеќе од две децении, а познавачите на семејните околности претходно изјавија дека таа е со него од 16-годишна возраст и дека му останала верна сите овие години. Медиумите претходно ја опишаа со зборовите дека за неа постојат три големи љубови – Дарко Шариќ, децата и работата како воспитувачка.

За време на неговото криење, Лана се криела и од јавноста, но на 21 октомври 2013 година направила вистинска грешка на полицијата кога на својот Фејсбук профил објавила заедничка фотографија на 43-тиот роденден на Шариќ, која до сега и била позната на јавноста.

Љубовта кон јавањето

Во текот на 2018 година медиумите пишуваа дека Лана има ново хоби, додека нејзиниот сопруг е во затвор и дека деновите ги поминувала во јавање. Според медиумите во 2018 година, Лана неколку години порано се заљубила во коњи, поради што често ја среќавале на хиподромите во Белград и низ главниот град.

Лана по професија е просветен работник, а редовно беше на сите судења на Шариќ.

Секогаш била негувана, а на првото судење се појавила во брендирана гардероба, облечена во чанта „шанел“.

Да потсетиме, Дарко Шариќ е уапсен во четвртокот во голема акција на припадниците на МВР, предводени од Европол и Европравда, поради сомнение дека е шеф на криминална организација која се товари за најтешки кривични дела.

Заедно со Шариќ, уапсени се и неговиот адвокат Дејан Лазаревиќ, хулиганот Урош Мишиќ и уште неколку осомничени. Конечниот број на приведени не е официјално соопштен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.