Лидерот на Златна зора Никос Михалољакос,  осуден на затворска казна за формирање и водење криминална организација, од затвор бил пренесен во болница со Ковид-19, каде што е хоспитализиран во критична состојба и приклучен на апарати, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, 64-годишниот Михалољакос не е вакциниран, хоспитализиран бил пред неколку дена, а од синоќа, поради влошената ситуација е приклучен на апарати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.