Рајко Чаушевиќ е водач на криминалната група „Пинк Пантери“ .Тој на крајот на својата „кариера“ раскажува кој е највредната кражба што ја направил и кои се златните правила во нивната организација.
Тоа беше библија од музеј во Австрија. Највредното нешто што го украдов беше Библијата, јас сум особено горд на тоа, ја украдов од музеј, се случи во Австрија, таа библија е бесценета, има големина на нокт, ја однесов на свето место .Еден мој пријател од Виена, Србин по потекло, ми рече: Ќе ти дадам јагуар, ќе ти дадам омега, златен часовник, синџир и уште 200.000 шилинзи, но треба да ја земеш Библијата.
Раскажа и детали како успеал.
Го гледам музејот заштитен со блиндирано стакло, имаат камери, аларми, чувари се таму. Тоа може само сред бел ден да се украде, да го покријат двајца-тројца, па јас само да се качам и да го земам. И така беше. За мене тоа е важна кражба, колку спектакуларно е направена. Зедов двајца млади кои ме покриваа, тие им го одвлекуваа вниманието на чуварите. Го отклучив, посегнав и само го земав. Ја ставив Библијата во џеб и излегов надвор. Го направив тоа толку едноставно, што сум горд на таа спектакуларна кражба на една од највредните работи досега“, се присетува Рајко на една од кражбите на кои најмногу се гордеел.
Тој ги напомена и правилата по кои се раководат „Пинк Панерите“.
„Треба да бидеш добар и верен пријател, да не си крајно политички ориентиран, да го сакаш семејството, да се спушташ на ниво на обичен работник. Вештините бараат памет, треба да тренираш секој ден, да учиш јазици, да можеш да комуницираш со луѓе, да научиш занает“.Пинк Пантери постојат, тие се исклучително храбри, чесни луѓе, и мажи и жени, нема членство, меѓу себе си препознаваме кој колку вреди, подготвени сме во секој момент секаде да се тргнеме, и секаде да си помагаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.