Претседателката на Косово, Вјоса Османи отпатува попладнево за Чешка, каде што, меѓу другото, ќе се сретне со чешкиот премиер Петр Фиала и ќе учествува на меѓународната конференција на прашката фондација Форум 2000, на тема „Јасна и сегашна опасност по демократијата: како да реагираме?“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението од кабинетот на Османи, таа во оваа прилика ќе се заложи за визна либерализација за Косово, со оглед дека Чешка актуелно претседава со Советот на Европската унија.
-Претседателката (на средбите во Прага) ќе го адресира посебно прашањето на визната либерализација за Косово и унапредувањето на европската агенда на нашата земја, се вели во соопштението.
Покрај со премиерот Фиала, предвидени се средби на Османи и со претседателот на чешкиот Сенат, Милош Вистрчил и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Холандија, Вопке Хоестра, чија земја е една од најскептичните во рамките на ЕУ во однос на укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.