Тажно е што премиерот Димитар Ковачевски не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција во своето обраќање во Обединетите нации, реагираат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

-Премиерот Ковачевски зборуваше во ООН за правата на малцинствата и се разбира не кажа збор за македонските малцинства во Бугарија и Грција. Најтажното не е дека еден македонски премиер во својот говор за правата на малцинствата не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција – несомнено меѓу најонеправданите малцинства на Балканот, туку дека ниту некој од нас не очекувавме да нѐ спомне!
Може ли да има понесреќни малцинства од оние кои истовремено живеат во држави, кои ги негираат, дискриминираат и асимилираат и припаѓаат на нации чии држави ни уста за нив не отвораат, не па да ги заштитат? Како да живееме во народна приказна – несакани од мајка – мразени од маќеа. Двојно несакани – двојно сами. После толку борби на македонскиот народ за своја држава имаме држава која не ги третира сите делови од македонскиот народ како свои – реагираат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.