Седумдесет и седумгодишен старец почина додека чекал на ред да купи масло за јадење во Бургас.
Тоа се случило во еден од големите хипермаркети, пренесува Novinite.com на англиски јазик.
Промотивната цена по која сакал да купи масло била 2,99 лева (1,52 евра).
Редот бил долг околу 500-600 метри. По долго чекање, човекот починал кога конечно стигнал до палетата со масло за јадење, јавија бугарските медиуми.
На местото на настанот пристигнала брза помош која констатирала смрт на мажот.
Бугарите се револтирани што мора да чекаат со часови за да купат масло во продавниците. Слична е ситуацијата и пред сите големи продавници во Бургас.
Човекот умре во продавница. Го турнаа и му се слоши. Ова е лудост. Луѓето велат дека паднал, помодрел и умрел. Редот бил огромен“, рекла една од жените кои биле таму на пазарење.
Редoви за масло за јадење има и во другите бугарски градови, а некои продавници во главниот град веќе воведуваат ограничувања за купување зејтин поради масовното складирање, што доведе до пораст на цените и до 200 денари за литар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.