Веста за пронајденото тело на исчезнатиот поштар од Даниловград, Милош Стаматовиќ(25), го потресе целиот регион, откако црногорската полиција соопшти дека телото на младиот поштар е пронајдено со врзани раце на брегот на реката Морача во населбата Ботун.

Посебно потресителен е фактот дека Милош имал само 25 години и дека целиот живот бил пред него. Многу луѓе со објави на социјалните мрежи се простуваат од младиот човек.

Една порака посебно привлече внимание, а ја објави извесен Никола Грдиниќ од Подгорица.

Никола на својот Фејсбук објави фотографија од Милош Стаматовиќ, а во опис на објавата напишал стихови на кои никој не остана рамнодушен.

Не ти се тебе момче, врзани рацете

 

Туку нам

 

А и очите

 

Устата залепена со трака

 

И не нема нас

 

Бидејќи да не имаше, поради тебе ќе бевме на улица

 

Црна и гора!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.