Бугарската Централна изборна комисија ги објави со име и презиме граѓаните од Македонија кои се пријавиле да гласаат онлајн на бугарските парламентарни избори.
Според податоци објавени на страницата на cik.bg, вкупно 181 граѓани од Македонија се пријавиле за гласање.
Најмногу се пријавени во Прилеп – 46, Кавадарци – 45, Велес – 42 лица. Во Охрид се пријавиле седум, во Амбасадата на Бугарија во Скопје се пријавени девет, во Струмица 22 и во Штип -двајца.
Во амбасадата во Скопје и во генералниот конзулат во Битола ќе гласаат и вработените и пријавени бугарски граѓани.
Во Албанија се пријавиле 245 лица, во Србија 147, во Грција 795, во Босна 74, Црна Гора 7, Хрватска 34. Најмногу пријавени има во Турција – 26.019, а по едно лице се пријавило во Нигерија, Куба, Непал, Латвија…
Целосната листа со пријавени гласачи од странство е достапна на овој линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.