Новоизбраниот претседател на Црна Гора и заменик претседател на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ е најпопуларниот политичар во Црна Гора со просечна оценка од 2,78.
Минималната оценка што може да се даде е еден, а максималната е пет.
Ова го покажуваат резултатите од првото годишно истражување на политичкото јавно мислење во Црна Гора на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), кои денеска беа презентирани во Подгорица.
Втор по популарност е лидерот на ПЕС Милојко Спајиќ со оценка 2,47, а трет е претседателот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ – 2,46.
На четврто место се поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерот на Црна Гора и лидерот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ со оценка 2,36.
Лидерот на Демократската народна партија (ДНП) Милан Кнежевиќ е петти со просечна оценка 2,21, додека на шестото место е Данијел Живковиќ, вршител на должноста претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) со 2,17.
Истражувањето е спроведено од 1 до 14 мај на примерок од 1.003 испитаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.