Со порака високото образование да остане државно и бесплатно, илјадници студенти, ученици и просветни работници, денеска одржаа нови масовни протест како во Атина, така и во низа други грчки градови, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестите се против одлуката на Владата за отворање на приватни факултети, предлог-закон што сè уште не е официјално соопштен и не е доставен во Парламентот.

Во Атина, демонстрациите беа масовни со учество на над 5.000 лица, според полициски извори, а протестот заврши мирно, без инциденти.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, минатиот месец соопшти дека создаваат рамка за конечно во Грција да функционираат непрофитни, недржавни високообразовни институции, истакнувајќи дека станува збор за историска реформа во образованието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.