Во косовскиот парламент и попладнево повторно дојде до тензии, а пратениците на Демократската партија на Косово (ДПК) уште еднаш ја блокираа говорницата.

Ова се случува откако претходно денес еден од присутните пратеници фрли шише со вода кон премиерот на Косово, Албин Курти.

Косовските медиуми пипуваат дека прво се степале претставникот на Самоопределување, Сали Зиба и пратеникот на ПДК Расит Калај, а потоа во тепачката се вклучиле Хајдар Беќа од ПДК и уште еден пратеник.

Потоа некој од присутните фрлил шише вода кон Курти, пишува „Новости“.

Претседателот на собранието, Глаук Коњуфца изјави дека граѓаните на денешната седница на Собранието ќе проценат кој го започнал конфликтот.

Според него, во интерес на сите е да се надмине оваа состојба.

„Да ја продолжиме седницата онаму каде што застанавме. Дури и Аљбин Курти се откажа од својот говор. Граѓаните чекаат да продолжиме нормално. Ќе одиме на избори кога сакате“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.