Бугарија за неколку дена ќе има нов министер за надворешни работи, пишува во новиот број бугарскиот неделник „Галерија“, повикувајќи се на „одлично информирани извори“, пренесуваат Факти.бг.
Причините за повлекувањето на Теодора Генчовска биле „целосната некомпетентност и отсуството на елементарни познавања на дипломатијата и протоколот„, пишува неделникот.
Со најголеми шанси за нејзина наследничка била Весела Чернева, актуелна советничка на премиерот Кирил Петков. На Има таков народ, чиј претставник е Генчовска, ќе и биде предложено да замине како постојан претставник во НАТО.
Таа е дел од т.н „Сорос“ структури во Бугарија и ја договораше првата средба меѓу премиерите Петков и Ковачевски.
Со помали шанси од тие на Чернева била актуелната заменик министерка за надворешни работи Велислава Петрова, пишува неделникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.