Соседите од зградата во која живее момчето Коста, кое вчера уби осум школски другари и чуварот, а рани шест ученици и професорката по историја, се уште се во голем шок, немаат сила да ја коментираат вчерашната трагедија.

Според зборовите на еден сосед, таткото на момчето секогаш бил тука за сите во зградата кога им била потребна помош.

Исто така, момчето често помагало, им носело храна на соседите.

Меѓутоа, она што сите ги изненадува е тоа што таткото на момчето имал толку многу оружје во станот.

Кога полицијата ги вадеше работите од станот, велат дека е пронајдено многу оружје. Во 2016 година поднел барање за оружје и претпоставувам оттогаш почнал да го собира, којзнае што му се вртело во главата, вели еден сосед.

За него зборуваат како за повлечен и срамежлив тип, кој не се гледал со пријателите.

Секогаш со нив имаше само жена која ги чуваше, искрено никогаш не го видов со друштво. Но, знам дека ноќта пред трагедијата, тој беше на роденден со својот клас, оние што ги застрела. Имаше и една девојка што му се допаѓаше и неа ја застрела“, раскажува сосетка.

Како што велат, веруваат дека семејството ќе мора да се исели.

Никогаш немаше никаков проблем со нив, освен што таткото протестираше кога требаше да се отвори православниот центар во зградата, беше отворен на истиот кат каде што се тие, зависниците одат таму на советување. Тој се побуни и протестираше дури и пред патријархот. Се плашеше какви луѓе ќе влезат во зградата, бидејќи е советувалиште за зависници од алкохол и дрога, вели еден сосед.

Во Србија е прогласена тридневна жалост, а наставата во сите училишта во Србија почна утрово со едноминутно молчење, со цел да им се оддаде почит на учениците и вработените во основното училиште Владислав Рибникар во Врачар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.