Американската разузнавачка агенција ЦИА има список со имиња на српски политичари што ги платила во 90-тите години, особено во пресрет на 5 октомври, со цел да го собори режимот на Слободан Милошевиќ, пишува „Република.рс“.
На тој список многу прецизно било наведено кој примил пари, кога и колку, а станува збор за десетици имиња, од кои многумина и денес се политички активни.
Некои од нив, по политичката кариера во Србија, биле ангажирани во меѓународни организации за награда. За возврат, тие се должни секогаш да бидат на услуга на нивните поранешни работодавци, дури и кога тоа е спротивно на интересите на нивната земја.
Најмногу пари зела организацијата „Отпор“ која за туркање на режимот на Милошевиќ добила 1.8 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.