Носителот на листата „Ние, гласот на народот“, Бранимир Несторовиќ денеска изјави дека листата останува на ставот дека нема да поддржи ниту една партија, но вели дека би ја поддржал власта доколку има обиди за насилни промени на улицата.
„Имаме само една мала ограда, бидејќи ситуацијата со таканаречената прозападна опозиција се усложнува – ако има насилни демонстрации на улица, тогаш ќе ја поддржиме, бидејќи кој и да е на власт ја претставува земјата“, Несторовиќ изјави за Танјуг на прашањето дали донеле одлука кого ќе поддржат и дали ќе влезат во коалиција со некоја партија.
Посочи дека тоа би било единствена опција да поддржат некого.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.