Непознато лице, синоќа, украло трамвај во Загреб, го возел околу Трешњевац, каде што го оставил и заминал во непознат правец.
„Синоќа, нешто пред 23 часот, непознат сторител украл нископоден трамвај, кој бил подготвен за сообраќај, го возел на исток кон улицата Тратинска, каде што го оставил возилото и заминал во непознат правец“, соопшти ЗЕТ за хрватскиот портал „Индекс.хр“.
Во трамвајот за тоа време немало патници, во инцидентот, велат, нема повредени, а возилото не е оштетено.
Полицијата запленила снимки од видеонадзорот во возилото за да го пронајде сторителот, а од ЗЕТ велат дека е поведена внатрешна истрага за утврдување на одговорноста за овој пропуст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.