Црногорскиот премиер во заминување Здравко Кривокапиќ на владината седница одржана на 2 февруари изјави дека не е обврзан со „правната категорија“ за техничка влада и дека неговиот кабинет ќе продолжи да носи одлуки во полн капацитет се додека не се избере нова влада, пишува весникот Побједа.

Извор на весникот наведува дека Кривокапиќ истакнал дека Владата е во полн мандат додека не се избере нова.

Седницата на Владата на Црна Гора на 2 февруари ја напуштија веднаш по отворањето вицепремиерот Дритан Абазовиќ и министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ, а правните експерти и опозицијата го предупредија Кривокапиќ да не носи важни одлуки во техничкиот мандат на Владата, наведува Побједа.

На 4 февруари, Собранието на Црна Гора и изгласа недоверба на Владата на Кривокапиќ со гласовите на 43 пратеници на опозицијата и владејачката коалиција „Црно на бело“ (Граѓанско движење УРА и ЦИВИС)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.