Неколку српски општини прогласија вонредни состојби после поплавите кои се случија во последните неколку дена. Дождот непрекинато паѓаше неколку дена, и предизвика пораст на реките, што предизвика поплавување на куќи во Пријепоље, делови на Нови Пазар, Крушумлија.
И понатаму се трага по две лица кои се водат како исчезнати во Нови Пазар.
Поради порастот на реката Ибар, на територијата на општината Рашка, поплавена е индустриска зона, а донесена е одлука за затворање на градинки и училишта.
Нивото на реката Сјеница во Нови Пазар падна во текот на ноќта, а дождот е заменет со снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.