„Кога слушнав дека сум на списокот, се шокирав. Не знам како повторно ќе седнеме на училишните клупи, многу беше трауматично. Телата на моите другари паѓаа насекаде. Не знам дали некогаш ќе се вратам на училиште“, вели за „Блиц“ момчето кое се најде на списокот на Коста Кецмановиќ (13) кој уби осум врсници и чувар од училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Момчето било потресено од трагедијата што се случила во неговиот клас. Тој отишол на час со повредените деца и убиецот, а како што вели, класот на Коста бил главна мета.
„Кога влезе, ја удри наставничката во врат за да не може да го спречи. Таа беше добра со него. Беше добар ученик по сите предмети. Немаше лоши оценки. Не се фалеше со одење на стрелиште, цело време молчеше, повлечен беше “, изјави момчето за „Блиц“ кое било на списокот на Коста Кецмановиќ.
„Тие што не беа на списокот, а ги застрела, не се дружеше со нив. Никој не го навредувал и не се расправал со него. Сите мои пријатели беа на списокот “ вели момчето.
Како што објаснува, учениците прво мислеле дека е петарда, а кога влегол Коста само почнал да пука.
Осум деца и еден чувар биле убиени во средата наутро во вооружен напад на тринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и еден наставник биле повредени, а напаѓачот уапсен.
Момчето К.К. влегло во училиштето со два пиштоли и четири молотови коктели. Имал список за ликвидација на деца, како и план како тоа да го направи. Резултатот од неговата крвава гозба е девет убиени и седум ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.