По истекот на 72-часовниот рок за оставка или разрешување на министерот за внатрешни работи Бленди Чучи, министерката за туризам Мирела Кумбаро и генералниот директор на полицијата Гладис Нано, за утре пред Министерството за внатрешни работи во Тирана закажан е уште еден протест.
На првиот протест, во четвртокот вечерта илјадници граѓани се приклучија во знак на револт за она што се случи во Потам кај приморското градче Химара, каде 7-годишното девојче Јонада Авдија загина од чамецот што го управуваше комесарот Арјан Тасе.
Инцидентот се случи на 2 август во забранета зона за пловни средства, додека девојчето заедно со татко му пливале на петнаесетина метри од брегот.
Семејството Авдија, кое дваесеттина години живеело во Велика Британија во родната земја било дојдено на одмор.
На протестот во четвртокот, што се одржа под мотото „Не ја уби чамец, туку државата”, беше побарано заминување на Чучи, Кумбаро и Нано, за кои се смета дека недоволно воделе грижа за безбедноста на крајбрежјето и оти со правилна примена на законот од нивните подредени трагичниот инцидент би се избегнал.
Од почетокот на туристичката сезона регистрирани се повеќе инциденти со чамци кои се движат покрај плажите.
Но, и покрај овие настани, и повремените осудувања во медиумите, требаше да се случи трагедијата од 2 август државата да интервенира и да не се види ниту еден пловен објект на плажите во последните денови.
Како и протестот на 4 август, така и утрешниот го организира граѓанскиот сектор, повторно поддржан од опозицијата, која повика на масовност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.