Во неделата околу 17 часот и 30 минути, на делот од пругата од Пирот до село Станичење, кај местото Сопотски Хан, се лизнал вагон на товарен воз што превезувал амонијак гас, при што во таа прилика дошло до истекување на гас и голема концентрација на гас во атмосферата соопштуваат од српската полиција.

Граѓаните кои живеат во близина добија упатство да не излегуваат од домовите и да не отвораат прозорци.

Во прекин е и сообраќајот меѓу Пирот и Бела Паланка на магистралниот и главниот пат поради слаба видливост, а алтернативната траса е преку село Понор.

Градоначалникот на Пирот Владан Васиќ прогласи вонредна состојба во тој град. Поради прогласување вонредна состојба училиштата во Пирот во понеделник нема да работат.

Педесет и едно лице се хоспитализирани со симптоми на труење со амонијак, од кои две се со потешки симптоми, соопшти Секторот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.