Рачна граната експлодира синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата за експлозијата во дворот на општината, при што се оштеттени две службени возила на косовската полиција, во изјава за медиумите ја потврди полицискиот гласноворник, Баки Кељани.
Доцна синоќа непознат/и сторител/и извршија напад со експлозивно средство врз општина Северна Митровица. Врз основа на службените информации, постојат сомневања дека во дворот на општинскиот објект во Митровица, близу влезот на објектот е фрлено експлозивно средство, за кое се претпоставува дека е рачна граната, при што е причинета материјална штета врз полициски возила. За среќа нема извештаи за повредени лица, освен за материјална штета врз две службени возила. Во консултација со надлежен обвинител покренат е случај за „извршување терористичко дело, се вели во изјавата на Кељани.
Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли, откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.