Над 2.000 деца во Штип, Велес и Скопје ќе добијат тетратки со ликови на бугарски владетели од бугарската фондација Македонија, соопшти на прес конференција претседателот на фондацијата, Виктор Стојанов. Како што кажа тој, донацијата е вредна 3.000 лева и е обезбедена од фондацијата „Жени и Александар Дрводелски“. На предните корици на тетратките се претставени ликовите на бугарските владетели Кан Аспарух, царевите Симеон и Калојан и други, а на задната страна се и нивните кратки биографии, пренесува МКД.мк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.