Владимир Кецмановиќ (48), таткото на 14-годишниот Коста, кој уби девет лица во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, се товари за кривично дело „тешки дела против општата безбедност“, за што му се заканува казна од 12 години.

Според Вишото јавно обвинителство во Белград, момчето не е кривично одговорно според Законот за малолетни сторители и кривично правна заштита на малолетни лица бидејќи не наполнило 14 години. На неговиот татко Владимир му е одредена мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело – тешки дела против општата безбедност.

Според адвокатот Никола Ристовиќ, максималната казна за ова дело е 12 години затвор.

Доколку има тешка телесна повреда на лице или материјална штета од поголеми размери, сторителот ќе се казни со затвор од една до осум години. Но, ако смртта настапила на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од две до 12 години, вели Ристовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.