На Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, утринава не му бил дозволен влез на територијата на Република Македонија, соопшти Факти.бг.

Како причина за забрана за влез во државата било посочено дека претставувал „опасност за националната безбедност“.

Стојанов е бугарски активист за правата на македонските Бугари. Тој се обидел да влезе во Македонија за да учествува на чествувањето на 119-годишнината од погибијата на Гоце  Делчев, што го организирала фондацијата „Македонија“.

-Се наоѓам на Ѓуешево на границата со Република Македонија. Од македонските граничари бев задржан повеќе од пет часа и на крајот ми врачија забрана за влегување во давата. Како причина за забраната во документот е наведено опасност за нивната национална безбедност, вели Стојанов за Факти.

Тој додава дека утринава повторно ќе се обиде да влезе во Македонија, зашто имал настан на гробот на Гоце Делчев, по повод 119-годишнината од неговата погибија и оти за настанот го информирал бугарското Министерство за надворешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.