Отровен облак амонијак се ширел синоќа со голема брзина на автопатот кај Пирот, кога возот кој го превезувал овој отровен гас, излегол од шините.

Луѓето и возачите кои се затекнале таму, бегале во паника.

Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку една, за време на лизгањето, паднала во коритото на Нишава, што предизвикало бурна реакција на амонијакот во допир со водата.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа со која брзина се шири амонијакот. Камионите кои се затекнале во близина, возеле во рикверц, а луѓето бегале.

Димната завеса на автопатот настанала кога дошло до испарување на амонијакот, а поради својата висока токсичност, амонијакот многу лесно може да предизвика труење кое кај луѓето може да резултира со смртен исход.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.