Ситуацијата во Газа, случувањата во Црвеното Море и опасностите за слободната пловидба поради нападите на Хутите, биле темите за кои телефонски разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и американскиот државен секретар Антони Блинкен, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и Блинкен разговарале и за билатералните прашања, со пресрет на почетокот на следната рунда на стратешкиот дијалог Грција-САД, што во февруари ќе се одржи во Вашингтон.

Грчкиот премиер и американскиот државен секретар пред две седмици се сретнаа во домот на Мицотакис во Ханиа на островот Крит, кога Блинкен во рамките на посетата на Блискиот Исток, од Турција на неколку часа допатува и во Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.