Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се противи на идејата за обука на украински војници во Хрватска. Тој ставот го истакна на свечената инаугурација на ректорот на Универзитетот во Загреб, Стјепан Лакушиќ, пренесе Н1.

– Не ја поддржувам таа идеја, затоа што не го поддржувам вмешувањето на Хрватска во оваа војна повеќе отколку што треба. Ние сме коректни, обединети сме и тоа е тоа. Не подалеку од тоа. Јас како врховен командант нема да го одобрам тоа. Не сум слушнал за предлогот, но однапред кажувам дека не ми се допаѓа, тоа ѝ носи војна на Хрватска – изјави Милановиќ.

„Тоа е доведување на војната во Хрватска. Однапред кажувам – да не одиме во тоа, а за сè што мислиме да донираме, на тоа немам влијание. Тоа се материјални средства, тоа го одредува владата“, додаде хрватскиот претседател.

Инаку неколку европски земји, најавија дека ќе обучуваат украински војници на нивна територија, се со цел да и се спротивстават на Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.