Албанскиот парламент, по долга и жолчна расправа,  пред полноќ, со 94 гласови го изгласа законот за досиеја на државна безбедност.
Воздржани беа двајца пратеници, а на гласањето на учествуваа демократските пратеници приврзаници на Сали Бериша.
Владејачкото мнозинство и опозицијата ги обединија  гласовите за одобрување на  измените на „Законот за досиејата на државна безбедност” со што станува возможно да се отворат сите досиеја од 1944 до 1991 година.
Воедно, според овие измени, кандидатите за високи раководни позиции повторно мора да поминат низ ситото на Управата за досиеја и покрај тоа што можеби претходно добиле потврда за чистота од двете  комисии формирани за таа цел „Мезини“ и „Бежани“.
Законските измени предизвикаа бројни дебати во последните две недели во парламентарната законодавна комисија  и во Собранието, по што синоќа  мнозинството го прифати амандманот на Демократската партија за отворање на сите поранешни досиеја.
Триесетгодишната дебата за поранешните досиеја за безбедност беше повторно активирана во последната недела од јули откако Управата за досиеја испрати писмо до собранието во кое се вели дека важен политичар со иницијали И.М. соработувал со поранешната Државна безбедност. Сите  дебати беа насочени кон поранешниот претседател Илир Мета, кој постојано негира дека соработувал со поранешната тајна служба Сигурими.

Тајната служба „Сигурими“ држела под под контрола буквално се. Специјални агенти опремени со тогаш најсовемените средства за комуникација прислушкувале насекаде па дури и соседот си го прислушкувал тој до него со тоа што во заедничкиот ѕид имало ставено уреди за прислушкување.

Слично како и Југославија и Албанија си имала свој „Голи Оток“ со затвори во цела Албанија. Таму биле затворени голем број затвореници меѓу кои и Македонци.

Нивните досиеја и денеска се чуваат со документи зошто биле затворени и колку треба да лежат. Останатите пак кои не биле за во затвор биле дискредитирани на секаков начин па дури им биле правени монтажи во весници и партиски гласила.

Како сега што се прави во фотошоп тогаш биле додавани или сечени глави и лепени на фотографија.

Останатите пак биле носени во т.н соба за истрага каде им се пуштала заслепувачка ламба се додека не признаат она што го сториле или пак не го сториле, но морале да попуштат.
Дека Албанија била под постојан страв дека некој може да ја нападне покажува и кабинетот на тогашниот министер за внатрешни работи.

Тој бил во готовност само три пати: По смртта на Хоџа во 1985 години, по големите немири во 1998 година и она што е најсвежо за време на НАТО интервенција на Србија во 1999 година. Во овој кабинет министерот можел да престојува долго време бидејќи до канцаларијата имаа работна просторија и соба за одмор.

За итен случај подземниот ходник водел право до зградата на министерството за внатрешни работи.И она што кај сите остава најголем впечаток е оградата со која била означена границата помеѓу Албанија и Југославија.

Оној кој ќе успеел да пребегне било пукано или пак биле пуштани специјално обучени кучиња дресирани на мирисот на наметката што вообичаено ја носат бегалците. За 40 години избегале околу 9220 Албанци а 988 биле убиени при обидот за премин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.