Владата одлучи дека во сегашните околности Александрополис е толку стратешки, геополитички и енергетски важен за нашата земја што треба да остане под јурисдикција на грчката држава“, изјави Мицотакис за телевизијата АНТ1.
Во септември, Грција доби две обврзувачки понуди за 67 отсто од акциите во пристаништето, откако минатата година четворица понудувачи биле во потесниот избор.
Понудата била поднесена од Quintana Infrastructure and Development, преку Liberty Port Holdings Single Member и International Port Investments Alexandroupolis, заедничко вложување на Black Summit Financial Group, Euroports, EFA Group и GEK Terne.
Александрополис се наоѓа на северот на Грција, блиску до границата со Бугарија и Турција и има потенцијал да стане енергетски центар за Централна Европа.
Планот е да се изгради пловечко складиште за гас и објект за гасификација на течен гас, што е клучно за Европа во енергетската криза предизвикана од намалените испораки на гас од Русија и западните санкции против Москва поради руската инвазија на Украина.
Од почетокот на инвазијата, Александрополис се користи како алтернативен пат за испраќање воена опрема на НАТО во земјите на источното крило, преку Романија и Бугарија.
Управниот одбор на Агенцијата за приватизација ќе се состане во четврток за да го анализира прашањето за пристаништето и следните чекори во неговиот развој, изјавил извор од агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.