Маж утрово околу 9:30 часот се полеал со бензин и се самозапалил на плоштадот пред зградата на хрватската влада во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.
Хрватскиот медиум „Јутарњи лист“, пренесувајќи изјава од сведок, пишува дека лицето што се запалило пред тоа било видно растроено.
За овој потег на мажот веднаш било известено обезбедувањето, а пред тие да се упатат кон него човекот веќе бил зафатен од пламенот.
Полициските службеници почнале да го гаснат пред пристигнувањето на брзата помош и противпожарната единица.
Човекот бил пренесен на Клиниката за трауматологија, а хрватските медиуми пренесуваат дека неговата состојба е сериозна.
„Здравствената состојба на човекот што утрово се самозапали, а кој беше пренесен на Клиниката за трауматологија е многу сериозна и се обидуваат да му помогнат со сите форми на интензивно лекување“,
изјавиле од Клиниката, пренесува хрватски „Индекс“.
На плоштадот пред владата излегол и премиерот Андреј Пленковиќ кој веднаш го повикал министерот за здравство Вили Берош и заедно ја координирале акцијата за згрижување на човекот.
U 9.37 policiji je dojavljeno da se jedna osoba samozapalila na Markovom trgu izvan ograde, potvrdili su u utorak Hini iz Policijske uprave zagrebačke. Na mjesto nesreće došla je Hitna pomoć i odvezla unesrećenog muškarca. Stanje unesrećenog još je nepoznato. pic.twitter.com/X1qQkGgaIH
— HINA (@Agencija_HINA) June 11, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.